ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Излезност до 15 часот изнесува 31,34%

Од 1.832.415 запишани избирачи на овие места, своето право на глас го оствариле 570.727 граѓани.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Излезност до 15 часот изнесува 31,34%
Фото: Национал

До 15 часот, излезеноста на гласачите на локалните избори на ниво на државата изнесува 31,34%, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Овој процент е пресметан врз основа на обработени 3.444 избирачки места, што претставува 99,14% од вкупниот број.

Од 1.832.415 запишани избирачи на овие места, своето право на глас го оствариле 570.727 граѓани.

Најголема излезеност е забележана во:

  • Чашка – 53,19%

  • Новаци – 52,84%

  • Ранковце – 48,24%

  • Македонски Брод – 48,21%

Најниска излезеност до 15 часот е регистрирана во:

  • Врапчиште – 14,94%

  • Центар Жупа – 17,12%

  • Шуто Оризари – 23,01%

CATEGORIES
Share This