ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА КРАДЦИ ОД КУМАНОВО Поднесени криивчни пријави

На 09.01.2026 во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.
На 08.01.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода У.З. (32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.
CATEGORIES Македонија


