ВЕЧЕРВА ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4 финале: Барселона против Дортмунд, ПСЖ со Астон Вила

Натпреварите се играат вечерва од 21 часот, додека реваншите се закажани за 15 април

ВЕЧЕРВА ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4 финале: Барселона против Дортмунд, ПСЖ со Астон Вила

Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони. На програмата се останатите два натпревари од четвртфиналето каде Барселона ќе ја пречека Борусија Дортмунд а ПСЖ игра на домашен терен против Астон вила.

Барселона под водтво на Ханси Флик е во одлична форма и се смета за фаворит во првиот меч против Борусија. Борусија под водство на Нико Ковач доаѓа психоошки растеретна што може да биде предност за Германците да одиграат добар натпревар.

ПСЖ го пречекува поранешниот европски шампион Астон вила. Парижаните играат одлично во домашното првенство. Иако не се прославија многу во Европа во лигашкиот дел, сепак останува запаметено дека го елиминираа големиот Ливерпул.

Натпреварите се играат вечерва од 21 часот, додека реваншите се закажани за 15 април.

Вчера пак, Арсенал вчера го победи Реал Мадрид со 3-0, додека Интер го совлада Баерн Минхен со 2-1.

CATEGORIES
Share This