ЛИГА ЕВРОПА И КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА Очекувани резултати во вечерашните први полуфинални натпревари
Вечерва се одиграа првите полуфинални мечеви во Лига Европа и Конференциската лига.

Вечерва се одиграа првите полуфинални мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Во Лига на Европа тимовите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа фуриозно и забележаа убедливи победи иако бележат разочарувачка сезона во Премиер лигата. Двата англиски клуба се пред пласман во големото финале на Лига Европа, откако забележаа убедливи победи во првите полуфинални натпревари.
Во Лондон, Тотенхем го пречека изненадувањето од Норвешка – тимот на Бодо/Глимт, кој за првпат игра полуфинале во европските натпреварувања.Резултатот заврши со 3:1 во корист на домшниот Тотенхем.
На гостувањето во Билбао, Манчестер Јунајтед извојува важна победа против Атлетик, триумфирајќи со 3-0 и практично обезбедувајќи си билет за финалето.
Финале во Лига Европа за Тотенхем и Манчестер Јунајтед ќе биде вистински предизвик, затоа што победникот ќе игра во Лигата на шампионите, а во моментов овие две екипи во домашното првенство се при дното. Затоа, финалето во Лига Европа може да значи многу повеќе од трофеј за овие два гиганти.
Во Конференциската лига рутински победи обезбедија екипите на Челси и Бетис.
Челси со 4-1 го победи домаќинот Ѓургарден на негов терен и направи крупен чекор кон финалето од Конференциската лига. Сините од Стемфорд Бриџ ја оправдаа улогата на голем фаворит против Ѓургарден и лесно дојдоа до убедлива победа.
Во вториот полуфинален натпревар, Бетис со 2-1 славеше во Севиља над Фиорентина.


