ЛИДИЈА ВУЌИЧЕВИЌ ПО РАЗВОДОТ Процветав кога ја затворив таа врата
Лидија и Митар беа еден од најпознатите парови на јавната сцена во поранешна Југославија, а од нивната љубов се родија синовите Андреј и Давид.

Актерката Лидија Вукиќевиќ го памети денот кога донела една од најголемите животни одлуки – да стави крај на бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела. Во емотивно сведоштво за медиумите, таа раскажа како изгледал моментот кога го побарала разводот.
„Му реков дека веќе не можам да бидам во таа заедница. Голема куќа, а стана тесно. Ми рече ‘ајде да се разведеме’, а јас утредента го поднесов барањето,“ вели Лидија.
Таа нагласува дека раскинувањето не било траума за неа, туку чекор кон подобар и посреќен живот.
„Човек се разведува за да се подобри. Јас процветав по мојот развод, исто како што процветав и во бракот, бидејќи не се откажував. Но кога нешто не чини, кога атмосферата не е добра – зошто да остануваш?“ – додава актерката.
Еден од најсилните моменти го опишува како првиот ден по разводот, кога на изненадување на нејзината сестра, нејзината реакција била сосема невообичаена.
„Седев, пиев кафе и пуштав музика. Мојата сестра, која инаку работи со случаи на развод, дојде и рече: ‘Прв пат гледам некој што се разведува – да пее’.“
Лидија и Митар беа еден од најпознатите парови на јавната сцена во поранешна Југославија, а од нивната љубов се родија синовите Андреј и Давид. По разводот, Лидија целосно се врати на актерството, не откажувајќи се од кариерата благодарение на, како што вели, поддршката и карактерот на нејзините синови.
„Битно ми беше тие да пораснат во добродушни и грижливи луѓе. Да застанат и да помогнат кога ќе видат дека некој паднал,“ посочува таа.
Денес, Андреј и Давид се возрасни мажи и имаат блиска врска со својата мајка.
Од друга страна, Митар Мркела повторно се ожени со 21 година помладата Олга, со која го има синот Душан.


