ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА 14 ЈАНУАРИ – За што ќе се разговара
Се очекува да се расправа и за една изборна единица и намалување на бројот на пратеници.

Фото: Национал
Лидерската средба што неодамна ја најави премиерот Христијан Мицкоски влегува во завршна фаза на подготовки и е закажана за 14 јануари. На маса ќе се најде укинувањето на т.н. „пржинска“ или техничка влада, но и низа други клучни политички прашања.
Веќе подолго време се актуелизира и прашањето околу воведувањето на една изборна единица, со што, би дошло до адекватна застапеност во парламентот како и намалување на бројот на пратеници од 120 на најмалку 90, со цел заштеда на јавни средства и поефикасен законодавен дом.
Исто така, народот очекува да види и национално единство околу националните и државните прашања во процесот на нтегрирањето на Македонија во ЕУ.
Од СДСМ најавуваат дека ќе ја бојкотираат средбата
CATEGORIES Македонија


