ЛИДЕРОТ НА ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО – Имот вреден милион евра главен мотив

Жарко Гроздановски и “Христијанско братство“ беа дел од Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ која ја победи марионетската влада на Заев на референдумот на 30 септември 2018 година.

ЛИДЕРОТ НА ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО – Имот вреден милион евра главен мотив
Фото: Принтскрин

Лидерот на здружението „Христијанско Братство“ Жарко Гроздановски (53) е приведен за убиство во Охрид поради мотив користољубие. Осомничениот е истата личност која во 2019 година беше уапсена за закани кон тогашниот премиер Зоран Заев поради предавство за името. Гроздановски пред седум години преку видео на социјалните мрежи упатил закани кон Заев и други членови на владата предводена од СДСМ.

Жарко Гроздановски и “Христијанско братство“ беа дел од Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ која ја победи марионетската влада на Заев за референдумот кој се одржа на 30 септември 2018 година.

Според МВР, Ж.Г. е анестезиолошки техничар во Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Лицето е познато на полицијата, а досега против него е евидентирано само едно кривично дело,  загрозување на сигурноста преку компјутерски систем.

Според деталите за убиств ото Ж.Г. е осомничен дека го убил 76-годишниот Климе Митревски, сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“. Мотивот за убиството, според локалните медиуми, е користољубие и осомничениот сакал побрзо да го стекне имотот во Охрид што Митревски му го препишал со договор за доживотна издршка. Договорот предвидувал Гроздановски да го чува и негува Митревски во замена за наследство вредно над еден милион евра. Според истрагата, осомничениот свесно го забрзал умирањето на жртвата за да го стекне имотот.

Ж.Г. бил приведен вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид. Телото на Митревски било пронајдено без знаци на живот во неговиот дом на улицата „Нада Филева“. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и полиција, а телото е предадено на обдукција. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Жарко Гроздановски е семеен човек, татко на три деца по образование дипломиран дефектолог и магистер на медицински науки. Дел од организацијата „Христијанско братство“ учествувал во протестите што кулминираа со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Во 2019 година, Гроздановски преку видео на социјалните мрежи упатувал смртни закани кон поранешниот премиер Заев, а исто така го нарекувал предавник и поранешниот премиер Никола Груевски.

Се очекува Ж.Г. да биде обвинет за убиство од користољубие, за кое според македонскиот Кривичен законик е предвидена најтешката казна – доживотен затвор.

Претходно од МВР соопштија:

„Денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот, бил пронајден К.М. (76) од Охрид. На местото на настанот увид извршија надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.

По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот Ж.Г. беше лоциран и лишен од слобода во тетовско.

„По целосно расчистување на случајот, против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.

Истрагата е во тек.

CATEGORIES
TAGS
Share This