ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО СКОПЈЕ Следните чекори кон ЕУ
На денешниот состанок ќе се дискутира за постигнатиот напредок и ќе се разгледаат наредните чекори за негова ефективна реализација

Во Скопје денеска се одржува состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, посветен на забрзување на имплементацијата на Планот за раст на ЕУ за регионот.
На состанокот присуствува комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, а покрај домаќинот – премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје пристигнаа или ќе пристигнат и високи претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Во пресрет на средбата, Европската комисија потсети дека Планот за раст носи конкретни придобивки за шесте земји од Западен Балкан кои се во процес на приближување кон Европската унија. На денешниот состанок ќе се дискутира за постигнатиот напредок и ќе се разгледаат наредните чекори за негова ефективна реализација.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


