ЛИЧНИ САНКЦИИ – Лукашенко на удар од Украина
Одлуката стапува во сила по одобрувањето на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Според текстот на указот објавен на веб-страницата на кабинетот на Зеленски, одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина од 18 февруари 2026 година, „За примена на лични посебни економски и други ограничувања“, официјално стапува во сила.
Во приложениот документ се наведува дека санкциите се насочени токму кон Лукашенко.
CATEGORIES Свет


