Левица како приватна фирма – Над 700.000 денари од партијата во џебот на Апасиев

Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

Левица како приватна фирма – Над 700.000 денари од партијата во џебот на Апасиев
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Обвинувањата на Левица за наводен неовластен упад во нивните банкарски сметки се очаен обид за прикривање на вистината.

Податоците кои излегоа во јавноста за трансакциите од партијата кон личните сметки на раководството се од свиркачи од јадрото на Левица кои се разочарани, кои одвнатре ја гледаат хипокризијата на партијата, двојните стандарди и лицемерието на раководството.

Левица потврди дека партијата не се води по идеолошки принципи, туку исклучиво заради  финансиски интереси на тесен круг привилегирани поединци.

Левица под плаштот на идеологијата и празната реторика дека се скромни, чесни и неподмитливи всушност се обидуваат да прикријат дека партијата им функционира како приватна фирма од која се богатат поединци.

Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека од говорница глумат револуционери и борци, во реалноста ја користат партијата како инструмент за лично богатење и билдање на приватните трансакциски сметки.

Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата.

Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

Јавноста го виде вистинското лице на Левица кои под закрила на идеологија, покажаа дека всушност се добар бизнис проект за полнење на сопствените џебови.

CATEGORIES
Share This