ЛЕЈКЕРС ПЛАНИРААТ НОВ СУПЕРТИМ – Јокиќ и Дончиќ заедно?
По големиот потег минатата сезона со доведување на Лука Дончиќ, кој предизвика сензација во кошаркарскиот свет, клубот од Калифорнија сè уште не успеа да ја врати шампионската титула – елиминирани беа уште во првото коло од плејофот од Минесота со убедливи 4:1.

Создавањето на супертимови е веќе традиција во НБА, а Лос Анџелес Лејкерс повторно се во центарот на вниманието. По големиот потег минатата сезона со доведување на Лука Дончиќ, кој предизвика сензација во кошаркарскиот свет, клубот од Калифорнија сè уште не успеа да ја врати шампионската титула – елиминирани беа уште во првото коло од плејофот од Минесота со убедливи 4:1.
Сепак, генералниот менаџер Роб Пелинка не се откажува од идејата да создаде историски тим. Според информациите на НБА инсајдерот Ентони Ирвин, Лејкерс подготвуваат стратегија за додавање уште една европска суперѕвезда покрај Дончиќ, а целта им се имиња како Никола Јокиќ или Јанис Адетокумбо.
За Јокиќ пречка е тоа што има договор со Денвер Нагетс до 2027 година, а клубот од Колорадо работи на задржување на српскиот центар. За да го добијат, Лејкерси би морале да понудат огромен пакет на размена.
Во случајот со Јанис, ситуацијата е нешто пофлексибилна – грчката ѕвезда има договор со Милвоки до 2028 година, но шпекулациите за негово заминување растат поради незадоволство од потезите на Бакс, особено по разделбата со Дамијан Лилард.
Планот на Лејкерс би можел да стане реалност по Европското првенство (27 август – 14 септември), кога се очекува Дончиќ да потпише нов договор. Исто така, иднината на проектот зависи и од тоа кога Леброн Џејмс ќе ја заврши својата ера во ЛА.
Ако успеат да го реализираат, ова би бил еден од најголемите потези во поновата историја на НБА, но засега сценариото изгледа малку веројатно.


