ЛАВРОВ НА ПОГРЕШНА АДРЕСА – Вината за државниот удар во Украина во 2014 е во Москва, не во Вашингтон

Во објавата на социјалната мрежа фејсбук Бачев прави споредба со изјавата на Лавров и со состојбите во Македонија:

ЛАВРОВ НА ПОГРЕШНА АДРЕСА – Вината за државниот удар во Украина во 2014 е во Москва, не во Вашингтон
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на својот фејсбук профил објави интересно видување по повод  интервјуто на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за NBC News во кое оценува дека САД се виновни за државниот удар во Украина во 2014 година и дека доколку тогаш Трамп бил на власт ќе немало државен удар во Украина.

„Лавров погрешно ја насочува вината кон Американците за државниот удар во Украина во 2014 година. САД секогаш ја туркаат својата агенда, но вистинската одговорност Русија треба да ја бара кај себе. Во тоа време Украина имаше проруски претседател – Виктор Јанукович а сепак Москва дозволи една претставничка на „ѕверот“, Викторија Нуланд (добро позната и кај нас), во срцето на Киев да организира „шарена револуција“. За само неколку дена демонстрантите без голем отпор ја освоија претседателската палата, а Јанукович избега во Москва. Останатото е историја“ – посочува претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Во објавата на социјалната мрежа фејсбук Бачев прави споредба со изјавата на Лавров и со состојбите во Македонија:

„Изјавата на Лавров ме потсетува и на нашите домашни прилики, кога постојано слушаме дека некој друг ни е виновен за сите маки. Но, вистината е дека корените на македонските проблеми не се надвор од границите – ниту кај соседите, ниту кај странците, ниту кај Албанците или кој било друг. НЕ! Проблемите се овде, во нас, во системот што сме го изградиле, во принципите што сме ги прифатиле, и во марионетските власти што три децении ги бираме – власти кои лажат, пљачкаат и ја разнебитуваат државата. Да, странците имаат своја улога, и во Украина, и во Македонија, и насекаде во светот. Тоа е нормално на суровата меѓународна сцена, каде владеат интереси. Но клучното прашање е: што правиме ние одвнатре за да ги препознаеме и спречиме непријателите на македонската кауза? – вели Бачев

Затоа, пишува Бачев, исто како и ние, и Лавров треба да ја бара вината за Украина некаде на друго место.

CATEGORIES
TAGS
Share This