ЛАПОРТА СЕ ФАТИ ЗА МЕТЛА – Барселона го „чисти“ патот кон изборите
Навивачите се забавуваат со метлата на Лапорта, споредувајќи го со политичари пред избори.

Фото: Принтскрин
Ако мислевте дека новите спонзорски договори и „бомбастичните“ трансфери се сигурен знак дека се ближат изборите во Барселона, се излажавте. Вистинскиот доказ пристигна денеска директно од трибините на „Камп Ноу“.
Претседателот Жоан Лапорта беше забележан како лично ги чисти трибините и ги средува рабовите на теренот со метла во рацете. Ако мислевте дека само нашите политичари се фаќаат за метлата пред избори, еве доказ дека изборите инспирираат секого дури и челниците во спортот.
„Немаме пари за нови засилувања во јануари, па решивме да заштедиме на службата за одржување. Плус, ова е одличен кардио тренинг пред гласањето,“ се шегуваат навивачите на социјалните мрежи.
CATEGORIES Фудбал


