КУМАНОВЦИ СО КАМИОН ПОЛН ДРВА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ – Приведени по вооружена полициска интервенција

Две лица од Куманово се приведени откако со камион натоварен со дрва се обиделе да прегазат полициски службеници кои сакале да извршат контрола на возилото.

КУМАНОВЦИ СО КАМИОН ПОЛН ДРВА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ – Приведени по вооружена полициска интервенција

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 август 2025 година, околу 22:30 часот, во селото Макреш, општина Старо Нагоричане. Полицајци од СВР Куманово забележале товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое се наоѓале Т.Ј. (27) и Б.Ј. (46), и двајцата од Куманово.

Од МВР информираат дека лицата одбиле да дозволат контрола на возилото, а кога полициските службеници се обиделе да ги спречат да избегаат, физички ги нападнале. Потоа влегле во возилото и се обиделе да ги прегазат полицајците, поради што било испукано неколку предупредувачки куршуми во воздух.

По преземени мерки, двајцата осомничени биле пронајдени, а возилото со дрвата било обезбедено.

„По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од полицијата.

CATEGORIES
Share This