КУЛТУРАТА ВО БУНТ – Уметниците излегуваат на улица
СКРМ најавува протест поради непочитување на колективните договори и институционално игнорирање.

Фото: Принтскрин
Синдикатот на културата најави протест поради, како што велат, непочитување на колективните договори и игнорирање од страна на институциите кон културните работници.
Во објава на социјалните мрежи од СКРМ информираат дека протестот ќе се одржи на 16 април со почеток во 12 часот, пред зградата на Министерството за култура.
Под мотото „Културата на колена“, синдикатот посочува дека незадоволството меѓу вработените во културниот сектор расте, а колективниот договор повторно ги мобилизира на излез на улица.
Режисерот Ненад Витанов предупредува дека тензиите во секторот веќе се зголемуваат и апелира на итно надминување на состојбата. Според него, единствено решение е отворен и конструктивен дијалог меѓу синдикатот и Министерството за култура.
CATEGORIES Култура
