КРИЗА ЗА СИТЕ, ОСВЕН ЗА БАНКИТЕ За три месеци ожнеале над 190 милиони евра од камати и провизии

И додека обичните граѓани ја чувствуваат тежината на инфлацијата, зголемените каматни стапки и административните трошоци, банкарскиот систем ужива во историски профитабилен период, дополнително продлабочувајќи го јазот меѓу финансиските институции и реалната економија.

КРИЗА ЗА СИТЕ, ОСВЕН ЗА БАНКИТЕ За три месеци ожнеале над 190 милиони евра од камати и провизии
Фото: Принтскрин

Додека македонското стопанство се соочува со континуирани економски предизвици, домашниот банкарски сектор бележи рекордни добивки. Финансиските извештаи за првиот квартал од 2025 година откриваат дека банките и натаму „жнеат“ профити, без значителни знаци на забавување.

Според податоците на Народната банка, во првите три месеци од годинава, македонските банки оствариле вкупна добивка од речиси 72,6 милиони евра. Веќе лани, 2024-та, банките ја затворија со рекордни 283 милиони евра профит, што беше досега највисока добивка во историјата на банкарскиот сектор во земјава.

Најголем дел од заработката доаѓа од каматите – граѓаните и компаниите во само три месеци платиле над 146 милиони евра на име на камати, од кои 58 милиони евра дошле од домаќинствата. Нето приходот на банките од камати достигнал 113 милиони евра.

Дополнително, граѓаните и бизнисите платиле 44 милиони евра за разни банкарски провизии, од кои банките задржале 27 милиони евра како нето приход. Вкупната сума што ја платиле граѓаните и стопанството за камати и провизии надминува 190 милиони евра.

Речиси целата добивка – 66,4 милиони евра од вкупните 72,6 милиони – е концентрирана кај петте најголеми банки во земјава. Остатокот го делат три средни и пет мали банки.

Најголема добивка имаат трите водечки банки:

  • Комерцијална банка – над 19 милиони евра

  • Стопанска банка – 14 милиони евра

  • НЛБ Банка – 11 милиони евра

Овие три банки оствариле поголем профит отколку сите компании котирани на Македонската берза за истиот период, што уште еднаш покажува колку е профитабилен банкарскиот сектор во споредба со останатите економски гранки.

И додека обичните граѓани ја чувствуваат тежината на инфлацијата, зголемените каматни стапки и административните трошоци, банкарскиот систем ужива во историски профитабилен период, дополнително продлабочувајќи го јазот меѓу финансиските институции и реалната економија.

CATEGORIES
TAGS
Share This