КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЧЕВО Се терети за „несовесно работење во службата“

Како резултат на тоа, повеќе лица работеле како пожарникари без валидни квалификации, што претставувало ризик за безбедноста на граѓаните.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЧЕВО Се терети за „несовесно работење во службата“

Поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“. Според пријавата, од 2016 година тој континуирано склучувал договори за вработување пожарникари без да спроведе годишен надзор, поради што договорите не се прекинувале навреме, а вработените не добивале законски потребни сертификати.

Како резултат, повеќе лица работеле како пожарникари без валидни квалификации, што претставувало ризик за безбедноста на граѓаните. Случајот е покренат по иницијатива на ОВР Кичево, а Дехари се соочува со можни правни последици.

CATEGORIES
Share This