КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОПАСЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ Загрозени ученици во Богданци
Случајот е во надлежност на СВР Струмица - ОВР Гевгелија, каде се преземаат дополнителни истраги за утврдување евентуална вклученост на други лица и целосно расчистување на случајот.

Основното јавно обвинителство Гевгелија прими кривична пријава против пет лица и едно правно лице од Скопје поради опасна реконструкција на покривот на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци. Според надлежните, објектот може да биде сериозна закана за учениците и вработените во случај на земјотрес.
Првопријавениот Г.Г. (39), сопственик и одговорно лице на скопско проектантско друштво, заедно со И.Т. (45), исто така од Скопје, при изработката на проектот не обезбедиле мислење за сеизмичка стабилност, и постапиле спротивно на прописите за механичка отпорност и безбедност. Тие со тоа ја загрозиле безбедноста на луѓето и предизвикале штета од над 12,8 милиони денари на државниот и општинскиот буџет.
Дополнително, Љ.Т. (62) и Л.Г. (69), како ревиденти на проектот, не ја забележале или намерно пропуштиле грешката во извештајот, тврдејќи дека проектот е во согласност со сите законски норми. Тие овозможиле правното лице да стекне имотна корист, а државата да претрпи дополнителна финансиска штета.
Случајот е во надлежност на СВР Струмица – ОВР Гевгелија, каде се преземаат дополнителни истраги за утврдување евентуална вклученост на други лица и целосно расчистување на случајот.


