КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВЕ ЛИЦА Се сомничат дека злоупотребиле лични податоци за потрошувачки кредити
Тие неовластено прибавиле лични податоци од жителка на Штип и во нејзино име аплицирале за седум потрошувачки кредити во износ од 227.500 денари.

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С. (34) од Струга, осуденик во Затвор Идризово, и Т.К. (46) од Велес за „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, а Т.К. и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тие неовластено прибавиле лични податоци од жителка на Штип и во нејзино име аплицирале за седум потрошувачки кредити во износ од 227.500 денари. Подоцна, Т.К. ги искористила и податоците од нејзината банкарска картичка и подигнала 214.000 денари преку 11 трансакции во Велес и Штип.
CATEGORIES Македонија


