КРИВА ПАЛАНКА – Протест поради неконтролирани крави
Причината е неконтролираното движење на кравите и штетите врз имот и земјоделски површини.

Во Крива Паланка денеска (среда, 26 февруари) ќе се одржи мирен протест поради проблемот со неконтролираното движење на кравите и штетите што тие ги предизвикуваат на приватен имот и земјоделски површини.
Како што информира Општината, протестот е организиран од граѓани и има поддршка од претставници на 16 месни заедници. Локалната самоуправа упати потсетување до јавноста и медиумите дека станува збор за мирен собир.
„Општината ја поддржува законската рамка и целосното спроведување на донесените решенија и ја повикува јавноста на одговорно и мирно учество“, се наведува во соопштението.
Од локалната власт апелираат граѓаните својот став да го изразат достоинствено, со цел надлежните институции да преземат соодветни мерки за решавање на долгогодишниот проблем кој предизвикува реакции во јавноста.


