КРЕДИТИТЕ ПОЕФТИНИ, ДЕПОЗИТИТЕ ВО БЛАГ ПОРАСТ – Што покажуваат податоците на НБ
Вкупните кредити на домаќинствата паднаа на 5,19%, пред сè кај денарските кредити без валутна клаузула

Во ноември 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,80%, што претставува месечен пад од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,56 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е 2,18%, со месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п.
За новоодобрените кредити, просечната каматна стапка е 4,54%, со месечно зголемување од 0,05 п.п. и годишно намалување од 0,28 п.п.. Кај новопримените депозити, каматната стапка е 2,27%, бележи месечен и годишен пад од 0,07 п.п. и 0,53 п.п., соодветно.
Состојбата со кредитите и депозитите на корпоративниот сектор е следната:
-Вкупни кредити: 4,41%, со месечен пад од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,64 п.п., резултат на намалување на сите категории: денарски кредити со валутна клаузула (-0,02 п.п.), денарски кредити без валутна клаузула (-0,01 п.п.), и кредити во странска валута (-0,02 п.п.).
-Новоодобрени кредити: 4,51%, со месечен раст од 0,14 п.п.. Зголемувањето се должи на растот на каматните стапки на кредитите во странска валута (+0,22 п.п.) и на денарските кредити без валутна клаузула (+0,16 п.п.), додека денарските кредити со валутна клаузула се намалени (-0,46 п.п.). Годишен пад: 0,17 п.п.
-Вкупни депозити: 2,60%, со месечен пад од 0,01 п.п. и годишен пад од 0,08 п.п.
-Новоодобрени депозити: 2,05%, со месечен пад од 0,27 п.п., резултат на намалување на депозитите во странска валута (-0,59 п.п.) и денарските депозити без валутна клаузула (-0,16 п.п.). Денарските депозити со валутна клаузула изнесуваат 1,94%.
Што се однесува до кредитите и депозитите на домаќинствата состојбата е следна:
-Вкупни кредити: 5,19%, со месечен пад од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,47 п.п., пред сè поради пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (-0,04 п.п.).
-Новоодобрени кредити: 4,59%, со месечен пад од 0,07 п.п., пред сè поради пониските каматни стапки на кредитите во странска валута (-0,26 п.п.) и денарските кредити со валутна клаузула (-0,06 п.п.), додека денарските кредити без валутна клаузула се зголемени (+0,07 п.п.). Годишен пад: 0,44 п.п.
-Вкупни депозити: 2,13%, со месечен пад од 0,01 п.п., пред сè поради намалувањето на денарските депозити без валутна клаузула (-0,02 п.п.) и депозитите во странска валута (-0,02 п.п.), додека денарските депозити со валутна клаузула пораснале (+0,28 п.п.). Годишен раст: 0,08 п.п.
-Новоодобрени депозити: 2,37%, со месечно зголемување од 0,01 п.п., резултат на раст на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута (+0,01 п.п.). Годишно, оваа стапка е пониска за 0,51 п.п.


