КРАЈ НА ЕРАТА – Дешамп си заминува од Франција, следна станица е фудбалски гигант

Конкуренција и од Европа и Саудиска Арабија за неговиот потпис.

КРАЈ НА ЕРАТА – Дешамп си заминува од Франција, следна станица е фудбалски гигант
Фото: Принтскрин

Годинешното Светско првенство ќе биде последното на кое Дидие Дешамп ќе ја предводи француската репрезентација, со што ќе се заокружи неговата 14-годишна успешна селекторска ера.

Тој ја освои светската титула со Франција во 2018 година и стигна до финалето на Мундијалот во 2022 година. Уште во јануари минатата година најави дека турнирот во 2026 година во САД, Канада и Мексико ќе биде неговото последно големо натпреварување како селектор, но нагласи дека не планира пензија и дека е подготвен да се врати во клупскиот фудбал.

Во меѓувреме, иднината на тренерската позиција во Реал Мадрид останува неизвесна. Чаби Алонсо замина од клубот во јануари, а го замени поранешниот играч Алваро Арбелоа, но резултатите под негово водство не ги исполнија очекувањата. Клубот е во ризик да испадне од Лигата на шампионите и заостанува во трката за титулата во Ла Лига.

Според „РМЦ Спорт“, Дешамп е меѓу главните кандидати за преземање на клупата на мадридскиот клуб на крајот од сезоната. Причините за интересот се неговото големо искуство, лидерските способности и добрите односи со француските репрезентативци во тимот, како Килијан Мбапе, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга.

Освен Реал Мадрид, интерес за Дешамп покажуваат и други европски клубови, како и неколку екипи од Саудиска Арабија.

CATEGORIES
Share This