КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО РЕАЛ Модриќ и Анчелоти си заминуваат

Со новиот лидер Мбапе и со Чаби Алонсо како нов тренер, Реал Мадрид влегува во нова фаза, полн со високи амбиции и надежи за продолжување на својата доминација.

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО РЕАЛ Модриќ и Анчелоти си заминуваат
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид ја затвори сезоната во Ла Лига со убедлива победа над Реал Сосиедад на „Бернабеу“ (2-0), во меч што ќе остане запаметен по емотивните збогувања на две клубски легенди и тренерот Карло Анчелоти.

Килијан Мбапе беше главниот актер на натпреварот, постигнувајќи два гола кои им донесоа триумф на „кралевите“. Иако во 38. минута Французинот промаши пенал, одбиената топка ја искористи за да го отвори резултатот. Во второто полувреме, Мбапе го постави конечниот резултат со својот втор погодок во 84. минута.

Натпреварот беше одбележан и со значајни збогувања. Карло Анчелоти заминува од клупата на Реал а Лука Модриќ, по 13 години и пет титули во Лигата на шампионите, го одигра својот последен меч за Реал Мадрид,

Карло Анчелоти денес официјално се прости од Реал Мадрид, ставајќи крај на својот втор мандат како тренер на „Кралевите“. По 4 успешни години, во кои освои сè што можеше, 66-годишниот стратег заминува од „Сантијаго Бернабеу“ за да ја преземе селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Бразил.

Анчелоти зеде микрофон и емотивно им се обрати на присутните навивачи на стадионот.

„Не е лесно да се зборува вечерва – рече тој. 

Анчелоти додаде дека му била голема чест да го води клубот и упати благодарност до претседателот Флорентино Перез и до сите кои биле дел од неговото патување.

„Ова е незаборавна приказна. Не можам да заборавам ниеден ден што го поминав тука. Хала Мадрид и ништо повеќе. Те сакам од сè срце. Збогум – беа последните зборови на Дон Карло како тренер на Реал.

Емотивниот момент ги трогна и најтврдите фигури на клубот – дури и претседателот Флорентино Перез беше забележан како плаче, исто како и Лука Модриќ, кој исто така се збогуваше.

Анчелоти во својот втор престој во Реал освои два трофеја во Ла Лига, 2 Лиги на шампиони, 2 Суперкупа на УЕФА, 2 шпански Суперкупа, 2 Светски првенства за клубови и еден Куп на кралот. Во првиот мандат (2013–2015) додаде уште еден Куп на Кралот, Суперкуп на УЕФА, Лига на шампиони и ФИФА клупск

Се збогуваше и Лука Модриќ кој го одигра својот последен меч на „Сантијаго Бернабеу“, а по завршувањето на натпреварот хрватскиот генијалец застана на средината на теренот, обраќајќи им се на илјадниците навивачи на Реал Мадрид.

Речиси сите на трибините беа расплакани, свесни дека за последен пат на својот стадион го гледаат големиот фудбалски генијалец во овој спортски храм.

„Дојде моментот за кој никогаш не сакав да пристигне, но ова беше долго и прекрасно патување… Пред се, сакам да се заблагодарам на клубот и на претседателот Флорентино Перез, на сите тренери што ме следеа низ кариерата и на сите луѓе кои ми помагаа. Исто така, голема благорадност до моето семејство. Освоивме многу, доживеавме прекрасни моменти, тоа е вашата љубов што ми ја дававте сите овие години. Би сакал пред вас да кажам една реченица шт ја видов и што многу ми се допадна: Не плачи затоа што е крај, туку биди насмеан затоа што се има случено“. Хала Мадрид“, им се обрати Модриќ на присутните.

Со новиот лидер Мбапе и со Чаби Алонсо како нов тренер, Реал Мадрид влегува во нова фаза, полн со високи амбиции и надежи за продолжување на својата доминација.

CATEGORIES
TAGS
Share This