КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Ливерпул го губи најголемиот

Салах се заблагодари на соиграчите, навивачите и клубот за незаборавните моменти.

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Ливерпул го губи најголемиот
Фото: Принтскрин

Мохамед Салах официјално потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул. 33-годишниот Египќанец, кој ова го наговестуваше во текот на сезоната по судирите со тренерот Арне Слот, сега го направи тоа и официјално.

„За жал, дојде денот“, рече Салах во видео објавено на социјалните мрежи.

„Ова е првиот дел од моето збогување и ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната. Никогаш не можев да замислам колку клубот, градот и навивачите ќе станат дел од мојот живот.

Тој додава:

„Ливерпул не е само фудбалски клуб, тоа е дух и страст. Тешко е да се опише што значи да се биде дел од овој клуб. Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на сегашните и поранешните соиграчи. А до навивачите: вашата поддршка во најдобрите моменти од мојата кариера, но и кога беа најтешки, е нешто што никогаш нема да го заборавам. Поради сите вас, никогаш нема да одам сам (I’ll never walk alone).“

Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година и од тогаш одигра 435 натпревари за клубот, постигнувајќи 255 голови и додавајќи уште 122 асистенции. Со него, клубот освои две титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Вистински крај на една ера.

CATEGORIES
TAGS
Share This