КОВАЧКИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР – Чест и голема одговорност

Новоизбраниот генерален секретар преку социјалните мрежи изрази благодарност до Христијан Мицкоски и порача дека функцијата ја презема со чувство на чест и одговорност.

КОВАЧКИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР – Чест и голема одговорност
Фото: ЕМ Телевизија

Новоизбраниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вечерва преку социјалните мрежи изрази благодарност за довербата што му ја укажа претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека функцијата што ја презема ја доживува како голема чест, но и сериозна одговорност кон членството, партијата и државата.

„Укажаната доверба ја чувствувам како обврска кон идејата, кон членовите и кон Македонија. Благодарен сум за можноста заедно да продолжиме по патот на единство, сплотеност и посветена работа“, напиша Ковачки.

Во својата објава, тој упати благодарност и до досегашниот генерален секретар, Ѓорѓија Сајкоски, истакнувајќи ја неговата посветеност и придонесот во јакнењето на партиската организација.

CATEGORIES
Share This