Конвенцијата од 1986 година – Правен основ за тужба против ООН

Во членот 53 од Конвенцијата за односите на државите со меѓународните организации од 1986 година јасно е наведено дека сите договори што се во спротивност со задолжителната норма на општото меѓународно право (јус когенс) се неважечки.

Конвенцијата од 1986 година – Правен основ за тужба против ООН

Колумна, Национал
проф. д-р Игор Јанев
Среда, 18 јуни 2025 година

Без раскинување на договорите со Грција и со Бугарија не може да се спречат идентитетскиот инженеринг и етноцидот над македонскиот народ. Етноцидната Преспанска спогодба мора да се раскине еднострано, како морален и правен императив.

Верувам дека не постои морален човек што ја поддржува геноцидната спогодба, односно културниот геноцид, и дека етички императив за секој морален политичар мора да биде раскинување на таквата нелегална и срамна спогодба.

Во севкупната историја на светот никогаш не беше склучена посрамна спогодба или договор со кој сопствениот национален или народен идентитет се негира и брише .

Исто така, Македонија може и да ја тужи ООН поради кршење на Конвенцијата за односите на државите со меѓународните организации од 1986 година.

Националниот идентитет може да се брани со Конвенцијата за односите на државите со меѓународните организации од 1986 година. Ние можеме да ја тужиме ООН врз основа на оваа конвенција поради дискриминација и промена  на државното име како елемент за претставување. ООН може да биде тужена од држава (нашата држава) според членот 83 од оваа конвенција

Според овој член, во примената на одредбата од оваа конвенција не смее да се прави никаква дискриминација.

ООН е универзална организација и претставува договорна страна во оваа конвенција. А Повелбата на ООН е меѓународен договор, што наведува јасно на заклучок дека Македонија може да подготви тужба против ООН поради прекршување на сопствената повелба.

Во членот 53 од Конвенцијата за односите на државите со меѓународните организации од 1986 година јасно е наведено дека сите договори што се во спротивност со задолжителната норма на општото меѓународно право (јус когенс) се неважечки.

Договорот е неважечки ако, во моментот на неговото склучување, тој е во спротивност со навремената општа норма на меѓународното право. За целите на оваа конвенција, задолжителна норма на општото меѓународно право е норма прифатена и признаена од меѓународната заедница на државите како целина, како норма од која не е дозволено отстапување и која може да се измени само со последователна норма на општото меѓународно право со ист карактер – се наведува во овој член.

Претходно веќе имам пишувано и јасно сугерирано дека Преспанската спогодба не е во согласност со меѓународното право и апелирано борбата за враќање на уставното име на државата да се води во Генералното собрание на ОН.

CATEGORIES
TAGS
Share This