КОНТРА ЦАРИНИ ОД ЕУ Брисел ќе царини соја, сладолед, цигари… од САД ама вискито нема да го чепка и слободно нека доаѓа во Европа
Како што се гледа од најавите царините што ги спрема ЕУ треба да погодат извоз од републиканските сојузни држави вреден 13,5 милијарди долари каде доминира Трамп

Се спрема одговорот на Европската Унија во однос на американските царини за производите од Унијата кои се пласираат на американскиот пазар. Од одговорот може да се насети дека е повеќе провоцирачки отколку вистински агресивен одговор на високите американски царини и оддава впечеток дека Брисел не сака премногу да ја налути администрацијата на Трамп во Вашингтон.
Познатото виски нема да се најде на листата за царини на барање на Франција, Италија и Ирска, но ќе се воведат царини за сладолед од Аризона, марамчиња од Јужна Каролина, електрични ќебиња од Алабама, машини за перење од Висконсин и ноќници од Охајо и Кентаки.
Исто така, според интерен документ, во кој увид доби сајтот „Политико“, Европската комисија планира да воведе царини од 25% за широк спектар извозни производи од САД, чија вредност е околу 22 милијарди евра. Тие би вклучиле соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум, американски сектори кои најмногу се потпираат врз извозот преку Атлантикот.
Како што се гледа од најавите царините што ги спрема ЕУ треба да погодат извоз од републиканските сојузни држави вреден 13,5 милијарди долари каде доминира Трамп. Највреден производ од листата е сојата. САД се вториот најголем производител и извозник на сојата во светот, која веќе е погодена од кинеските противмерки. Повеќе од 82% од сојата што се извезува од САД во ЕУ доаѓа од Луизијана, матичната држава на спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.
Претходно Трамп го одби педлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договор без царини. Европскте царини ќе се воведуваат во три фази годинава во април, мај и декември.


