КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗАВРШУВААТ – Премиерот најави предлог-име за државен јавен обвинител
Мицкоски одговараше на новинарски прашања за процесот на избор на обвинител

Фото: Национал
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека оваа недела ќе завршат консултациите и Владата ќе предложи нов државен јавен обвинител.
„Очекуваме следната недела да завршат консултациите и да го предложиме името, кое потоа ќе го испратиме до Парламентот“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
CATEGORIES Македонија


