КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ – Се очекува Христијан Мицкоски повторно да биде избран за претседател на партијата

Конгресот во Кавадарци со 2.600 учесници ќе усвои „Стратегија Македонија 2030“ и дефинирање на визијата на партијата до следната деценија.

КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ – Се очекува Христијан Мицкоски повторно да биде избран за претседател на партијата
Фото: Национал

Денеска во Кавадарци се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој е единствен кандидат за функцијата.

Конгресот се одвива под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ и ќе го следат околу 2.600 учесници, меѓу кои 850-860 делегати и 1.700-1.800 гости. На настанот треба да биде усвоена и „Стратегија Македонија 2030“, документ што ги дефинира визијата и столбовите на политиката на партијата до 2030 година.

„Ова е документ што покажува како ја гледаме Македонија како ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија, и кои ќе бидат основите на нашата политика, рече Мицкоски на брифинг со новинари.

Конгресот ќе биде најмасовен досега и ќе вклучува обраќања од неколку сестрински партии. Настанот ќе се одвива според вообичаена процедура: усвојување на дневниот ред, избор на работно претседателство, усвојување на „Стратегија Македонија 2030“, избор на изборна комисија, предлози за претседател, обраќања на делегатите и разгледување на извештајот за материјално-финансиското работење на партијата.

CATEGORIES
Share This