КОНФЛИКТОТ ПРОДОЛЖУВА Ангеловски на Омерагиќ – Не се доведувајте во ситуација да дувате на јогурт!

КОНФЛИКТОТ ПРОДОЛЖУВА Ангеловски на Омерагиќ – Не се доведувајте во ситуација да дувате на јогурт!

На македонската фудбалска сцена се развиваат тензиите помеѓу поранешниот селектор Игор Ангеловски и актуелното раководство на Фудбалската федерација. По изјавата на Ангеловски, Омерагиќ реагираше, истакнувајќи дека клупските ангажмани на екс-селекторот траат „помалку од јогурт во маркет“. Но, утрово Ангеловски не остана без одговор.

Во својата нова реакција, Ангеловски не штедеше критики кон Омерагиќ, велејќи: “Г. Омерагиќ, гледајќи ја Вашата вчерашна прес-конференција, незнаев дека имате дарба за медицина. Се надевам дека сте во добра психо-физичка кондиција. Немојте да ја замајувате јавноста.” Тој продолжи со сериозни забелешки за назначувањето на селекторот во важен период за репрезентацијата, нагласувајќи дека “зборуваме за бараж натпревари за пласман на СП”.

Ангеловски, кој се претстави како поранешен селектор, а не како клупски тренер, го обвини Омерагиќ за дезинформации и за тоа што го искористил нивниот разговор без негово знаење. “Како тоа моето име се најде за кандидатура за нов селектор ако вчера изјавувате ноторни лаги за мене?”, праша Ангеловски.

Тој исто така повика на ревизија на сите лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи и неговата, и побара објавување на регистарот на носителите на лиценци. “Нема да дозволам да фрлате дамка врз моето име. Немојте да се доведувате во ситуација да дувате на јогурт!”, заклучи Ангеловски, оставајќи отворени прашања за иднината на македонскиот фудбал.

CATEGORIES
Share This