КОЛОВОЗИТЕ СУВИ – Сообраќајот се одвива непречено
Без подолги задржувања на граничните премини, умерен сообраќај надвор од градовите

Денеска (16.03.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќајот важи за патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.


