КОЛКУ ЧИНИ ЖИВОТОТ – ССМ ја објави минималната кошница за февруари 2026

Вредноста на кошницата пораснала за 969 денари споредено со јануари 2025

КОЛКУ ЧИНИ ЖИВОТОТ – ССМ ја објави минималната кошница за февруари 2026
Фото: Принтскрин

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за февруари 2026 година изнесува 67.382 денари. Во споредба со јануари 2025 година, кога кошницата изнесуваше 66.413 денари, тоа претставува зголемување од 969 денари.

Ова значи дека за да се покријат основните потреби за еден месец се потребни речиси три минимални плати.

Доколку се земе предвид изнајмен стан со површина од 60 м², трошоците за месецот се зголемуваат, и кошницата достигнува 82.757 денари.

CATEGORIES
Share This