КОЛКАВ БАКШИШ ОСТАВИЛ ЏЕФ БЕЗОС ВО ВЕНЕЦИЈА, од сумата ќе ви се сврти во глава

Свадбата, која се одржа кон крајот на јуни, се славеше неколку дена со низа ексклузивни настани, вечери и забави. Над 200 високопрофилни гости беа присутни, меѓу кои холивудските ѕвезди Леонардо Дикаприо и Орландо Блум, познатите сестри Кардашијан, пејачката Кети Пери, медиумската икона Опра Винфри и многу други.

КОЛКАВ БАКШИШ ОСТАВИЛ ЏЕФ БЕЗОС ВО ВЕНЕЦИЈА, од сумата ќе ви се сврти во глава

Милијардерот и основач на Amazon, Џеф Безос, повторно се најде во фокусот на јавноста, откако медиумите објавија дека оставил импозантен бакшиш од 45.000 евра на персоналот на луксузниот хотел „Аман“ во Венеција, каде што престојувал за време на својата свадбена прослава со Лорен Санчез.

Според информациите на италијанскиот медиум Република, Безос пред заминувањето од седумѕвездениот хотел им оставил на вработените бакшиш со порака напишана на плик: „Чао, Венеција“. Гестот на милијардерот бил поздравен од персоналот како исклучително дарежлив и несекојдневен, дури и за гости од највисока класа.

Иако оваа сума сама по себе е вртоглава, таа не е дел од трите милиони евра што Безос ги донираше на градот Венеција во рамки на неговата венчавка, која се одвиваше во сенка на протести од страна на граѓани и активисти загрижени за прекумерниот туризам и климатските влијанија.

Хотелот „Аман“, сместен во историчната палата Пападополи од 16 век, е познат по својата екстраваганција, приватност и услугата од светска класа – токму поради што често е избор на најбогатите луѓе во светот.

И додека сеуште траат реакциите во јавноста за неговата свадбена раскош, дел од италијанската јавност ја гледа дарежливоста на Безос како позитивен пример на благодарност и респект кон локалните работници – гест кој е редок во денешната глобална елита.

CATEGORIES
Share This