КОЧАНИ СЛАВИ 81 ГОДИНА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО Доделени награди за животно дело и значајни остварувања

На 7 септември, Општина Кочани со свеченост го одбележа денот на ослободувањето на градот, а во рамките на прославата беа доделени награди за животно дело и значајни остварувања. Постхумната награда за животно дело му беше доделена на Трајче Ѓорѓиев, која ја прими неговиот брат, Драган Ѓорѓиев – Ган, член на ТППЕ Кочани.
Во категоријата за значајни остварувања, наградата ја доби Супорт Кочани, што е признание за нивниот придонес во развојот на локалната заедница. На свечената седница во Советот на Општина Кочани, присутните имаа можност да се потсетат на значењето на овој историски ден.
Пред почетокот на седницата, беше положено свежо цвеќе на бистите на истакнатите личности Раде Кратовче и Љупчо Сантов, во знак на почит и сеќавање на нивниот придонес за слободата на Кочани. Оваа година, прославата на 81-годишнината од ослободувањето на градот беше исполнета со емоции и гордост за постигнатите резултати во заедницата.


