КОЧАНИ НИКОГАШ НЕМА ДА ЈАЗАБОРАВИ ТАА НОЌ – Гневна исповед на мајка што изгуби дете
Друга мајка пак, на настанот, упати прашање до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до каде е постапката против одговорните полицајци? Јавно ја обвини институцијата за одолговлекување и игнорирање на правдата.

Една од мајките која го загуби своето дете во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, на 16-тиот „Марш на ангелите“, со гнев и разочараност проговори за болката што не стивнува и за раздорот што се создаде наместо сплотеност.
„Родители што го продадовте споменот на вашето дете и борбата за правда за ситни пари и удобна функција – каде ќе ви оди душата? Во пеколот, да знаете. Таму не се вашите деца – и никогаш нема да ги видите!“
Со овие остри зборови, мајката го изрази својот гнев заради тоа што, како што вели, трагедијата која требаше да биде повод за единство, се претвори во поле за политички и лични интереси.
„Оваа несреќа требаше да не обедини – сите, без разлика на вера, партија или етничка припадност за да не дозволиме ваква болка повторно да се случи. Наместо тоа, добивме уште поголеми удари од општеството во кое живееме: политизација, апатија, презир. Зошто? Затоа што некои избраа пари, позиција и моќ, пред иднината на идните генерации.“
Мајката ја спомена и годишнината од скопскиот земјотрес, поврзувајќи ја со трагедијата во Кочани – несреќа што, според неа, е најголемата во поновата македонска историја.
„Во таа кобна ноќ – 16 март 2025 беа уништени 62 млади животи. Над 200 други беа повредени, многу со трајни физички и психички последици. И уште 300 деца, кои беа таму, ќе ја носат траумата до крајот на животот. Таа ноќ ќе го следи Кочани засекогаш.“
Друга мајка пак, на настанот, упати прашање до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до каде е постапката против одговорните полицајци? Јавно ја обвини институцијата за одолговлекување и игнорирање на правдата.


