КОАЛИЦИЈАТА ПОД ЛУПА Мицкоски и Таравари на средба по празниците

Како што потврдија владини извори пред неколку дена, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со Таравари по 1 Мај, на која ќе се разгледа дали тој и неговиот сопартиец Арбен Фетаи ќе продолжат да бидат дел од Владата.

КОАЛИЦИЈАТА ПОД ЛУПА Мицкоски и Таравари на средба по празниците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, за време на посетата на Општина Кавадарци, изјави дека состојбата во владината коалиција е одлична и најави дека наскоро ќе се одржи средба со министерот за здравство, Арбен Таравари.

Оваа најава доаѓа по неодамнешните превирања во коалицијата „Вреди“, еден од владините партнери покрај ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ. Присуството на Таравари во Владата остана неизвесно поради внатрешни недоразбирања во неговата партија, Алијанса за Албанците (АА), која веќе не е дел од коалицијата „Вреди“, откако крилото на Таравари одлучи да настапи самостојно на локалните избори.

Како што потврдија владини извори пред неколку дена, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со Таравари по 1 Мај, на која ќе се разгледа дали тој и неговиот сопартиец Арбен Фетаи ќе продолжат да бидат дел од Владата.

Во меѓувреме, Мицкоски информираше и за бројот на апликанти на последниот јавен повик, посочувајќи дека на вториот повик се пријавиле околу 900 кандидати, а вкупно со првиот повик бројката достигнува 1.200 апликации.

CATEGORIES
TAGS
Share This