КОЈ САКА ДА ДОБИЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВО – Фотографирање пред бугарското знаме или нема пасош

Новите предложени правила од Ковачев ги шокираа апликантите за бугарски пасош - свечена церемонија и јавен регистар

КОЈ САКА ДА ДОБИЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВО – Фотографирање пред бугарското знаме или нема пасош
Фото: Принтскрин

Европратеникот Андреј Ковачев истакна дека лицата кои сакаат бугарско државјанство треба да бидат фотографирани пред бугарското знаме и грб како дел од свечена церемонија.

Тој посочи дека Северна Македонија заостанува во реформите и европската интеграција, особено по локалните избори, и дека исполнувањето на прифатените услови е неизбежно за продолжување на преговорите.

Ковачев нагласи дека позитивни сигнали доаѓаат од инфраструктурни проекти, како заедничкиот тунел на границата и железничката врска помеѓу Скопје и Софија, дел од Коридорот 8.

CATEGORIES
TAGS
Share This