КОЈ Е ВИНОВНИКОТ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА На еврокомесарката Каја Калас не и е јасно зошто Трамп го обвинува Зеленски
Не знам зошто го вели тоа. Имате сè документирано. Русија ја започна оваа војна на 24 февруари 2022 година

Во неделата Трамп ги обвини Зеленски, Путин и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, дека се одговорни за војната во Украина.
Надоврзувајќи се на оваа изјава на Трамп, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, денеска изјави дека не знае зошто американскиот претседател Доналд Трамп го обвини и украинскиот лидер Володимир Зеленски дека ја води војната во Украина.
„Не знам зошто го вели тоа. Имате сè документирано. Русија ја започна оваа војна на 24 февруари 2022 година, тоа е војна од големи размери. Во 2014 година го анектираа Крим“ – изјави Калас на Италијанската Република.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


