КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ВЛАДИКА – Синодот на МПЦ-ОА решава денес

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија утрово се собра во седиштето на Архиепископијата со цел да избере нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија. Седницата започна во 10 часот, а според досегашните информации, се очекува процесот да заврши брзо и без поголеми изненадувања.
За нов владика е предложен неодамна замонашениот монах Георгиј, во световниот живот познат како Ѓоко Ѓорѓевски – поранешен декан на Богословскиот факултет и амбасадор на Република Македонија во Ватикан.
Национал пишуваше за превирањата во врска со изборот на новиот владика како некои собири со барање за нов митрополит да биде избран епископот Антаниски Партениј.
Изборот на нов митрополит се очекува да биде финализиран во текот на денот.


