КЛУЧНА ПОБЕДА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО: Македонската младинска кошаркарска репрезентација го освои клучниот натпревар против Швајцарија
Во четвртото коло од групата Ц, нашите млади надежи ја совладаа селекцијата на Швајцарија со тесни 81-82, во натпревар што имаше клучно значење за понатамошниот пласман на тимот.

Европското првенство во кошарка – дивизија Б, кое се одржува во Ереван, донесе возбудливи моменти за македонската младинска репрезентација. Во четвртото коло од групата Ц, нашите млади надежи ја совладаа селекцијата на Швајцарија со тесни 81-82, во натпревар што имаше клучно значење за понатамошниот пласман на тимот.
Со овој триумф, македонската репрезентација по четири одиграни натпревари има скор од две победи и два пораза, што ја остава во трка за место во следната фаза на првенството.
Во составот на Македонија, петмина кошаркари се истакнаа со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Кечовски, кој реализираше пет тројки од седум обиди и натпреварот го заврши со 16 поени и 4 скока. Стојковиќ имаше одлична партија со 16 поени, 5 асистенции и 4 скока. Иванов придонесе со 14 поени и 5 скока, Ќириловски со 12, а Луканоски го надополни тимот со 11 поени и 6 скока.
Утрешниот натпревар против Данска ќе биде од пресудно значење за пласман во најдобрите осум тимови. Сепак, за Македонија да обезбеди место во следната фаза, покрај победа над Данска, ќе биде потребно и Холандија да загуби од Австрија.


