Клио

Инаку проектот „Политики на историското образование„ и книгата Клио на Балканот е моќен проект за обезличување на Македонците бидејќи е во корелација со влијателната меѓународна невладина организација-Меѓународната кризна група (МКГ).

Клио
Фото: Национал

Колумна, Национал
проф. д-р Јанко Бачев
Понеделник, 02 јуни 2025 година

Наменската меѓународна невладина организација под контрола на „ѕверот„ наречена Центар за демократија и помирување во Југоисточна Европа, пред 25 години започна проект насловен како „Политики на историското образование„ од чии резултати во 2002 година во Солун произлезе книгата Клио на Балканот, според старогрчката божица на историјата.

Централно место на книгата претставува блокот текстови со заеднички наслов македонски идентитети. Првото писание е на македонскиот автор д-р Никола Јордановски кој вели дека македонската историографија лажно ги прикажува апостолите на историското ВМРО дека се втемелувачи на македонската нација, бидејќи тие се бореле за проектот „Велика Бугарија“. Се разбира, во книгата, на антимакедонска основа се и писанијата на бугарскиот историчар Цветан Цветанов и грчките автори Власис Власисдис и Деспина Каракацани.

Значи, македонскиот, бугарскиот и грчките автори во овој меѓународен проект се на иста линија, односно, да се разбијат наводните лажни историски факти за постоењето на Македонците.

И така тргна проекот за разбивање на Македонците. Издавачката куќа „Форум„ на почетокот на 2006 испечати примероци на англиски јазик и ги дистрибуира во балканските држави. Директор на „Форум„ и член на спомнатиот Центар за демократија и помирување е добро познатиот предавник Сашо Ордановски.

Остана уште министерството за образование да ја преведе книгата Клио на Балканот и македонските ученици да започнат да ја учат својата национална историја слушајќи ги историските вистини на своите соседи, односно, дека Македонците се измислени и непостоечки.

Меѓутоа, токму кога проектот требаше да стартува во училиштата, во јуни 2006 дојде до промена на власта и овој проект на антимакедонска основа запре.

Во 2017 по државниот удар во Македонија, непријателите на македонското дело повторно најдоа лица налик на марионетата Зоран Заев и министерот-бугараш Никола Димитров со изгубено национално чувство за оживување на проектот за промена на македонските учебници по историја во контекст на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Инаку проектот „Политики на историското образование„ и книгата Клио на Балканот е моќен проект за обезличување на Македонците бидејќи е во корелација со влијателната меѓународна невладина организација-Меѓународната кризна група (МКГ).

Впрочем, Клио на Балканот е во тесна врска со  Извештајот на МКГ од 10 декември 2001 насловен како „Името на Македонија: Зошто е важен спорот и како да се разреши„ кој се сведува на нашето преименување и одземање на континуитетот на македонската историја.

Што е поинтересно, по донесув ањето на марионетата и предавник Зоран Заев се оди чекор понатаму и решенијата од Клио на Балканот како и од Извештајот на МКГ се вградија во Договорот за добрососедство со Бугарија.

Така, во Извештајот на  МКГ се вели да се повика УНЕСКО; Советот на Европа или некоја трета страна да го испита македонскиот образовен план, особено по предметите историја и географија, сите отстапки направени од страна на Скопје ќе бидат унилатерални и нереципрочни, на пример Извештајот не предвидува рецензија и на грчките учебници, за етнички македонските топоними во Грција, или пак, декларација за македонското наследство или пак етничко македонско малцинство кое Грција не го признава.

Сето ова пак, се преслика во договорот со Бугарија со кој се преиспита македонската историја и нашите остапки спрема Бугарија се нереципрочни.

Исто така, во договорот со Бугарија е вградена и формулацијата од Привремената спогодба со Грција од 1995, дека Република Македонија изјавува оти ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија.

Оваа наша нереципрочна обврска бугарашот Димитров невешто ја правдаше велејќи дека таква компарабилна одредба нема во бугарскиот устав иако би требало да знае дека таква компарабилна одредба имаше во грчкиот устав, а Македонија со брзопотезното менување на Уставот на 6 јануари 1992 се откажа од грижата за Македонците во Грција.

Имено, според членот 108 од грчкиот устав, грчката власт се грижи за Грците што живеат во странство а ги одржува нивните врски со мајката татковина. Значи, членот 49 од македонскиот Устав кој Грција го оспоруваше и го променивме, и во грчкиот устав постои членот 108 кој го има истиот карактер, а остана непроменет.

Значи, со договорот со Бугарија, меѓудругото, се откажуваме од Македонците во Бугарија, откако со менување на Уставот во 1992 се откажавме од грижата за Македонците во Грција.

Марионетите Заев и Димитров ламентираа дека сето ова не е проблем бидејќи за нив било само суштествено да се произведува пријателство со Бугарија не водејќи сметка дали се загрозуваат националните и државните интереси.

Дури, Заев и Димитров своевремено беа револтирани што на Сеалбанската платформа за рушење на Македонија, замислете, дошло до етничка мобилизација на Македонците. Очигледно мозокот на Заев и Димитров застанал некаде во 1942 кога нивните истомисленици-македонските Бугари јаничари кои не издржале во историјата сметале дека бугарскиот цар во Скопје треба да се дочека со сол и леб, па, така, Македонците и сега требало да бидат мирни на албанските провокации со некакви тирански платформи.

За жал, Македонија за време на предавниците Заев  и Димитров дозволи своевидните четири јавачи на апокалипсата (1.промена на името и идентитетот, 2. промена на историјата, 3. промена на етничкиот состав и 4. федерализација, најпрвин јазична/духовна)  со агенда на антимакедонска основа, да успеат во своите лоши намери бидејќи Македонија дефинитивно го сруши темелот на нацијата и државата.

CATEGORIES
TAGS
Share This