КИНЕСКИОТ БРЕНД JAECOO ЈА ОСВОЈУВА БРИТАНИЈА Како стана најпопуларна марка на автомобилите?

Според најновите податоци од Google UK’s Year in Search 2025, Jaecoo стана најпопуларната кинеска автомобилска марка во Велика Британија, што укажува на брзо растечката свест на потрошувачите за оваа авантуристички насочена марка. Како што пренесува Index.hr, помалку од една година по лансирањето на британското пазариште, термините “Jaecoo cars” заземаат високо трето место меѓу најпопуларните автомобилски термини во 2025 година, надминувајќи многу утврдени производители.
Со повеќе од 26.000 модели Jaecoo 7 на британските патишта, марката продолжува да гради силен замав и останува еден од најбрзо растечките нови играчи на пазарот. Успехот дополнително се потврдува и со пазарниот удел од 3,39% во ноември, според податоците на SMMT. “Бити препознат како најпопуларна кинеска автомобилска марка во Велика Британија е значаен показател за Jaecoo”, изјави Гери Лејн, извршен директор на Jaecoo UK.
Нема сомнение дека цените условуваат многу, токму затоа Jaecoo, покрај погонскиот потенцијал и визуелниот впечаток, добро се котира.


