КИЦ-БИТОЛА СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЦРНО СЕМЕ“ Филмот два дена ќе се проектира во киното „Браќа Манаки“

КИЦ-БИТОЛА СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЦРНО СЕМЕ“ Филмот два дена ќе се проектира во киното „Браќа Манаки“

Културниот и информативен центар – Битола се приклучува кон промотивната кампања за премиерата на претставата „Црно семе“ во продукција на НУ Народен театар Битола.

По тој повод, на 14 и 15 април со почеток во 19 часот, во киното „Браќа Манаки“ ќе се проектира истоимениот култен македонски филм, работен според сценарио на Ташко Георгиевски и во режија на Кирил Ценевски.

Филмот е сместен во времето на Граѓанската војна во Грција (1946), каде што Македонци од Егејска Македонија, под обвинение за комунизам, се затвораат во логор на пуст остров. Дел од нив успеваат да го задржат човечкото достоинство, додека други потклекнуваат под суровите услови.

„Црно семе“ е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и Златната арена во Пула. Иако музиката ја компонирал Илија Пејовски, филмот е монтиран без музичка подлога – што дополнително ја засилува неговата драматичност.

CATEGORIES
Share This