КЕКОВСКИ СО МОЌНА ПОРАКА Доста е од советници-паразити за паушал, време е за народен совет во Могила
Кековски удри по корумпираните политичари во Могила: „Советот мора да биде глас на народот, а не продолжена рака на моќниците“

Носителот на листа за совет на Општина Могила, Филип Кековски, по вчерашните целодневни средби со жителите на Могила испрати силна порака до гласачите:
-Време е за конструктивен и функционален совет! Совет кој ќе биде коректор, а не продолжена рака. Совет кој ќе биде гласот на народот.-Време е граѓаните да бидат дел од Советот преку иницијативи, предлози и присуство на седници.
-Да видиме кој и за кого ја крева раката, дали за интересите на народот или за интересите на поединци.
-Доста е од советници кои го бараат вашиот глас само за свој паушал, а не знаат ни која е улогата на советот и комисиите во кои седат.
-Затоа вашиот избор нека биде бројот 12 – за листата предводена од Филип Кековски, која според разговорите со населението, можеби за прв пат во Македонија ќе биде победничка листа што не доаѓа од двете најголеми партии – нагласи Кековски.



