КАВАДАРЧАНЕЦ ПРИВЕДЕН СО 1,74 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – се обидел и да го спречи полицаецот

На улицата „7-ми Септември“ во Кавадарци, доцна вечерта на 11 јули 2025 година, полицијата го приведе 49-годишниот Г.Т. од Кавадарци, кој управувал патничко возило „мерцедес“ под дејство на алкохол. При рутинска сообраќајна контрола било утврдено дека возачот има 1,74 промили алкохол во крвта.
Дополнително, при обидот да се изврши службена постапка, Г.Т. физички го попречувал полицискиот службеник, туркајќи му ја раката со намера да го спречи да постапи по службените овластувања.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против Г.Т. ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ (член 297-а) и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ (член 382) од Кривичниот законик.


