КАСАМИ МУ ЗАБИ НОЖ ВО ГРБ НА МИЦКОСКИ – Ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево, иако победи со гласови од ВМРО-ДПМНЕ

Како што објасни, нивниот кандидат за градоначалник во Кичево, министерот за труд Фатмир Лимани, не влегол во вториот круг, па затоа е природно, според него, албанските гласови да се обединат околу кандидатот на ДУИ.

КАСАМИ МУ ЗАБИ НОЖ ВО ГРБ НА МИЦКОСКИ – Ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево, иако победи со гласови од ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Национал

Лидерот на Беса, Билал Касами, во интервју за албанската телевизија „Сири“ истакна дека актуелните политички прегрупирања пред вториот круг од локалните избори не претставуваат коалициско договарање, туку национално мобилизирање.

Касами, кој во првиот изборен круг ја обезбеди победата во Тетово со поддршка од коалицискиот партнер во владата – ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека во Кичево движењето ВЛЕН ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Како што објасни, нивниот кандидат за градоначалник во Кичево, министерот за труд Фатмир Лимани, не влегол во вториот круг, па затоа е природно, според него, албанските гласови да се обединат околу кандидатот на ДУИ.

Касами исто така очекува албанско единство и во други општини, како Брвеница, каде што во водство е актуелниот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот на ВЛЕН, Хажим Рамадани, веќе ги повлекол плакатите со ознаката на коалицијата и упатил повик за заедничко дејствување на сите Албанци во општината.

Сличен повик Касами упати и за општина Долнени, каде што во вториот круг ќе се соочат кандидатот на ВЛЕН и претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи очекување дека таму ќе ја добие поддршката и од структури и симпатизери на ДУИ.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ јавно и активно ги поддржува кандидатите на ВЛЕН во повеќе општини – Чаир, Сарај (каде што победија во првиот круг), како и во Тетово и Струга, каде што ќе се одржи втор круг од изборите.

CATEGORIES
TAGS
Share This