КАРТЕЛ МЕЃУ АВТОШКОЛИТЕ – Над 40 автошколи под истрага за усогласени цени
Најавени мерки доколку се потврди картелско дејствување

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека, во рамки на тековните активности за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, извршила увид во повеќе автошколи низ државата. Постапката опфаќа над 40 автошколи.
При извршениот увид биле утврдени индиции за можно усогласено однесување, односно картелско договарање при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи, што претставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата.
Од Комисијата најавуваат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот.
Комисијата истакнува дека останува целосно посветена на заштитата на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.


