КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО НОВА ПЕСНА: „Мог живота дио“ – љубов на прво слушање
Поп-ѕвездата Каролина Гочева повторно ја изненади публиката со својата нова музичка приказна. По пауза од речиси една и пол година, таа синоќа (07.05) го промовираше видеото за најновиот сингл „Мог живота дио“.

„Мог живота дио“ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо потоа. Би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре мене“, напиша Каролина на својот Инстаграм профил веднаш по премиерата.
Оваа песна следи по успешниот сингл „Дај на сунце“, објавен во декември 2023 година. Заедничко за двете песни е авторот – Дино Мухаремовиќ, кој ги потпишува и музиката и текстот.
🎙️ Песната е снимена во Сараево, а видеото, кое го потпишува режисерот Миомир Милиќ, е снимено во Скопје, доловувајќи ја емоцијата што Каролина ја почувствувала уште при првото слушање.
Со својот препознатлив глас и силна емоција, Каролина уште еднаш потврдува зошто е една од најпочитуваните и најдолговечни артистки на македонската музичка сцена.
▶️ Погледнете го видеото за „Мог живота дио“ и уживајте во новата музичка магија на Каролина.