КАРЛЕУША ОТКРИВА – Аркан ѝ украл песна за да ја даде на Цеца
Песната ‘Вретено’ требаше да биде моја, но Аркан ја даде на Цеца.

Естрадната војна меѓу Јелена Карлеуша и Цеца трае повеќе од 20 години, а во нејзиниот конфликт е вмешан и Аркан, сопругот на Цеца кој беше убиен. Луѓето толку долго се навикнале дека двете пејачки не се сакаат, што ретко се сеќаваат дека некогаш имале почит една кон друга.
Карлеуша откри нов скандал поврзан со Аркан:
„Јас за Цеца мислам сè најлошо, но не и за нејзините песни. Всушност, нејзината ‘Вретено’ ја платив и ја отпеав во студио, а потоа ми се јави Мили и ми рече: ‘Еј Јецо, Аркан ја слушна песнава и многу му се допадна, мора да ѝ ја дадеме на Цеца. Те молам.’ И така ми ја украде песната.“
За време на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, каде што Јелена е дел од жирито, таа откри дека песните на Цеца ги користи и за своите кандидати:
„Јас на моите кандидати им давам песни од Цеца. Јас за неа мислам сè најлошо, но не и за нејзините песни. Песните не се виновни.“
Кога беше прашана која песна ѝ е омилена, Карлеуша рече дека многу песни требале да бидат нејзини, бидејќи имале исти автори, како Марина Туцаковиќ.
„На пример, песната ‘39 sa 2’ беше напишана за мене, а ‘Вретено’ ја отпеав и ја платив, но поради тоа што му се допаднала на Аркан, отиде кај Цеца.“
На снимањето на шоуто, Јелена се појави со нов имиџ: долга розова коса и црна провидна креација што го истакна нејзиното фит тело.
