КАРИМ БЕНЗЕМА – Откриено зошто францускиот напаѓач се чувствувал навреден од Ал-Итихад

Ал-Итихад сакаше да го задржи 38-годишниот напаѓач, но договорот не го задоволил

КАРИМ БЕНЗЕМА – Откриено зошто францускиот напаѓач се чувствувал навреден од Ал-Итихад
Фото: Принтскрин

Конечно се открива зошто Карим Бензема нема да го продолжи договорот со Ал-Итихад и зошто одби да патува со екипата за натпреварот против Ал-Фатех. Французинот пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три години и потпиша договор вреден над 100 милиони евра годишно, кој истекува на крајот на јуни оваа година.

Ал-Итихад сака 38-годишниот напаѓач да остане во клубот, а Бензема бил заинтересиран за продолжување се додека не ги слушнал деталите на новата понуда. Според информациите, клубот му понудил да игра без фиксна плата, со надеж дека ќе заработува исклучиво од правата на својот имиџ и маркетинг активности.

Иако францускиот напаѓач овој модел на заработка го оценува како можност за дополнителни милиони, тој се почувствувал навреден од понудата, сметајќи ја за непочитувачка. Затоа, одби да патува за натпреварот и јасно испрати порака до клубот дека не сака да игра бесплатно.

Да потсетиме, Бензема, кој заработува 1,61 милион фунти неделно (повеќе од 230.000 фунти дневно), се најде во конфликт со Ал Итихад околу продолжувањето на договорот. Иако и играчот и клубот биле заинтересирани за продолжување, првата понуда на клубот го налути францускиот напаѓач.

Бензема, добитник на „Златната топка“ во 2022, се повлече од тимот пред натпреварот против Ал Фатех (2:2) и тренира одвоено, сметајќи ја понудата за „навредлива“. Тој исто така го обвини клубот дека на почетокот на договорот го принудиле да „игра бесплатно“ и профитирале од неговите права за имиџ.

Тренерот Серхио Консеисао одби да ја коментира ситуацијата:

„Мора да го прашате одборот. Карим е фантастичен професионалец и горд сум што сум негов тренер.“

Иако има добра сезона (8 гола на 14 натпревари), Ал Итихад е само шести во Саудиската професионална лига. Бензема ги разгледува опциите за заминување додека јануарскиот преоден рок во Европа се приближува. Тој е трет најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти, веднаш зад Меси (96,9 милиони), но далеку од Роналдо (194 милиони).

CATEGORIES
Share This